РОНАЛДО ПРВ ЈА ОСВОИ НОВАТА НАГРАДА НА ФИФА, КОЈ Е СЛЕДНИОТ?
Објавено на: 17.01.2022
Португалскиот ас ја освои првата награда Најдобар фудбалер на светот во изборот на ФИФА, која во 2016-та година се осамостои и почна да се доделува исклучиво според правилата на светската куќа на фудбалот.

Во 2010-та, Франс фудбал и ФИФА направија спојување на наградите, кое повторно беше разединето по 6 години заедничко функционирање. Минатата година победи Левандовски, претходно Меси, Модриќ и двапати Роналдо.

Финалисти за наградата на ФИФА за 2021-та година се Аргентинецот Лионел Меси од ПСЖ, Египќанецот Мохамед Салах од Ливерпул и полската гол машина Роберт Левандовски од Баерн Минхен. Кој ќе се радува годинава?