ЛАСИЦА СЕ ИЗВИНИ, НО ЕХФ ГО КАЗНИ
Објавено на: 16.01.2022
Ракометарот на Црна Гора по завршувањето на вчерашниот натпревар против Македонија се упати кон македонските навивачи и ги плукна, но реагираа неговите согирачи и редарите кои не дозволија поголем инцидент.
Денес, десното крило на Црна Гора се извини преку медиумите:
Сакам да се извинам и да направам реконструкција на целата ситуација. Цел натпревар тие ме плукаа и ме гаѓаа со монети. На крајот од натпреварот, еден од нив директно ме плукна. Возвратив, погрешив и се извинувам. Ја ценам македонската публика и нивниот жар спрема репрезентацијата, клубовите и ракометот. Но ова не е таа публика, ова се поединци. Вујовиќ дури и го удрија со пластично шише. Како и да е, ова е реакција која не требаше од моја страна и јас се извинувам.
ЕХФ не остана должна на ваквата реакција од Црногорецот и го казни со 5000 евра казна.