Тенис

ЕНДИ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ ИГРАШЕ ВО МЕЛБУРН?!

Енди Мареј утринава загуби од Томас Ечевери со 6-4, 6-2, 6-2 и претпре елиминација уште во првото коло на Австралија Опен. Британскиот тенисер по мечот истакна дека ова можеби беше неговиот последен настап на гренслемот во Мелбурн, па може да се каже дека е штета што на ваков начин се прости од публиката на големиот австралиски турнир.

„Aко продолжам да играм како што играв на овој меч, нема да победам многу натпревари. Многу веројатно ова беше мојот последен настап на Австралија Опен“, истакна Мареј по дуелот против агрентинскиот тенисер.

За Мареј ова беше втора елиминација во првата рунда на АО во неговата кариера на вкупно 13 настапи, додека негов најдобар успех се петте вицешампионски позиции. Енди во 2010 година го загуби финалето од Роџер Федерер, додека во 2011, 2013, 2015 и 2016 година беше поразен од Новак Ѓоковиќ.