Фудбал

РОНАЛДО И ЧЕЛСИ ИМААТ НЕШТО ЗАЕДНИЧКО – СИТЕ ГИ ОТКАЧИЈА

Кристијано Роналдо не може да си најде клуб во актуелниот преоден рок, до стартот на Премиерлигата на 6-ти август, а Челси не може да најде играчи, односно другите клубови им ги лапнаа пред нос.

Манчестер Јунајтед ќе игра Лига Европа, нешто што на Роналдо наводно не му се допаѓало па си бара средина во која ќе игра шампионски фудбал во елитата на УЕФА.

Дали е време овие две страни да најдат заеднички јазик и да се сплотат, односно да се здружат? Како би изгледало доколку португалскиот напаѓач го облече дресот на клубот од англиската престолнина?