Фудбал

РОНАЛДО ГО ПРОМЕНИ ПЛАНОТ: МОЖЕБИ ЌЕ ИГРАМ И НА СП 2030

Иако до неодамна изгледаше дека Светското првенство 2026 ќе биде последното за Кристијано Роналдо, португалската ѕвезда сега остава отворена врата за уште еден настап и тоа во 2030 година.

Во неодамнешно интервју, Роналдо јасно порача дека сѐ ќе зависи од неговата форма.

Кога зборуваме за Светското првенство 2030, сѐ ќе зависи од тоа во каква форма ќе бидам и колку голови ќе постигнувам.

Тој додаде дека доколку и во 41 година продолжи да игра на врвно ниво, нема причина да застане:

Ако и понатаму имам иста енергија, страст и смиреност пред голот, ќе продолжам да играм. Кој знае до кога.

Со оваа изјава, Роналдо практично се повлече од претходните зборови, кога тврдеше дека Мундијалот 2026 ќе биде неговото последно големо натпреварување.