Фудбал

РОНАЛДИЊО СТАНА МЕТА ПО ПОКАНАТА ОД СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: НЕКОГАШ БЕШЕ ВРВЕН ИГРАЧ, СЕГА СЕ ПРОДАВА ЗА ПАРИ (ФОТО+ВИДЕО)

Роналдињо се најде на мета на критики од страна на граѓаните на Србија, откако одговори и ја прифати поканата на претседателот Александар Вучиќ да биде гостин на Екпо настанот во 2027 година.

Некогашниот славен бразилски фудбалер со видео преку социјалните мрежи одговори на поканата и најави дека наскоро ќе дојде во Белград.

„Здраво, претседателу Вучиќ. Ви благодарам за поканата да присуствувам на Експо 2027. Наскоро ќе бидеме заедно, ви испраќам прегратки“, истакна Роналдињо.

 

Голем дел од српските граѓани кои се активни на социјалната мрежа „Х“ го критикуваа Роналдињо и го нарекоа пр*ститутка која се продава за пари.