Фудбал

РАЈС ЈА РАЗРЕШИ ДИЛЕМАТА ОКОЛУ КАФЕАВАТА ДАМКА НА ШОРЦЕВИТЕ

Стив Сидвел, поранешен играч на Челси и Фулам, му излезе во пресрет на Деклан Рајс и заедно ја демантираа контроверзната фотографија од дуелот Арсенал – Порто.

Сидвел гостуваше на поткастот на Питер Крауч, кога дојде моментот да се разговара околу кафеавата дамка на задниот дел од шорцевите на Рајс. Фудбалерот на Арсенал се најде во незгодна ситуација кога ја местеше топката да изведе корнер, па на социјалните мрежи дамката се протолкува како флека од измет.

Сидвел реши да го праша Рајс преку СМС во живо во поткасот, по што веднаш доби одговор од англискиот репрезентативец.

„Ја видов фотографијата која кружи на социјалните мрежи и контекстот околу неа. За жал на јавноста, можам да потврдам дека не е тоа што мислат. Натпреварот беше доста физички тврд и учествував во неколку дуели со противници по кои често паѓав на тревата или морав да се пуштам во лизгачки старт. Тоа е само кал, апсолутно не е измет“, беше одговорот на Рајс.