Фудбал

РИВАЛСТВОТО ШТО ДАТИРА ОД ИНДУСТРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА Е ПОВЕЌЕ ОД ФУДБАЛ

Битката за превласт во годините кои се почеток на современото општество, од 18-тиот, преку 19-тиот до почетокот на 20-тиот век, се годините кога овие два фудбалски клуба практично беа претставници на две економски завојувани страни – текстилот од Манчестер и пристаништето од Ливерпул.

Низ сите релевантни светски статистики и аналитики, овие два клуба се претставени како најуспешните од Англија и нивното ривалство е многу повеќе од фудбал. Тоа е судир на две филозофии, кои внатрешно се менуваа низ децениите, но никогаш не ги сменија правецот и најлутиот непријател.

Бројките велат:

Меѓусебни дуели: 210
Јунајтед: 83 победи
Ливерпул: 70 победи
Нерешени: 58

Рекордер: Рајан Гигс (48)
Стрелец: Мохамед Салах (10)

Како ќе заврши големото дерби на Енфилд од 17:30?