Фудбал

РИСТОВСКИ НА ШКОЛСКИ НАЧИН ПОКАЖА КОЈ Е ГАЗДА ВО ДИНАМО (ВИДЕО)

Стефан Ристовски како вистински мангуп успеа да ја смири топката во обрачот, за разлика од неговите соиграчи од Динамо Загреб.

Поранешниот македонски репрезентативец наместо да ја смири топката со горниот дел од стапалото, ја смири на школски начин така што ја нагази нафрлената топка со крампоните.

По овој интересен предизвик кој го објави хрватскиот клуб на социјалните мрежи, фановите на Динамо уште еднаш дознаа кој е вистинскиот „олд-скул“ мангуп во тимот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)