Фудбал

РИЧАРЛИСОН И СÈ Е МОЖНО: НАПАЃАЧОТ НА ТОТЕНХЕМ ПРОМАШИ ПРАЗНА МРЕЖА НА ГОЛ-ЛИНИЈА (ВИДЕО)

Арсенал и Тотенхем во овие моменти играат контролен натпревар во САД како дел од летната лига на Премиер лигата, а освојувачите на Лигата на Европа водат со минимални 1-0 по првото полувреме.

Предноста на Тотенхем можеше да биде двојна, меѓутоа Ричарлисон не успеа да ја реализира можеби најлесната ситуација во неговата кариера. По изведен корнер топката ја помина мешаницата пред голот на Арсенал, отскокна и удри во подалечниот дирек каде стоеше бразилскиот офанзивец, па наместо само да го смени правецот на движење на топката, таа се одби од неговата глава и излезе надвор од голот.

Неверојатно!