Кошарка

РЕКОРДОТ НА БОСТОН СО КОЈ БЕШЕ СКАЛПИРАН ПРВАКОТ

Грент Вилијамс постигна личен рекорд од 27 поени, Џејсон Тејтум постигна 23 поени, Бостон реализира рекордни 22 тројки во еден седми натпревар во една НБА плеј-оф серија, за 4:3 против Милвоки.

Шампионот, предводен од Јанис Адетокумбо, иако имаше предност од 3:2 во полуфиналната серија во рамките на Источната конференција, беше елиминиран по поразот од 109:81. Бостон ќе игра со Мајами.