НА КРИС ПОЛ НЕ МУ Е СУДЕНО ДА СТАНЕ ШАМПИОН?
Објавено на: 16.05.2022
Расниот плејмејкер бележи негативни рекорди во неговата кариера, со кои покажува дека освојувањето на НБА прстен е далеку, со оглед на неговата возраст. Крис Пол (37) е првиот кошаркар во историјата на НБА лигата, кој загубил 5 плеј-оф серии подобар од 7 меча, кога неговата екипа водела со 2:0:
Spurs (2008)
Grizzlies (2013)
Blazers (2016)
Bucks (2021)
Mavs (2022)
Феникс беше совладан од Далас со 4:3, со поразот 90:123 во последниот решавачки меч во полуфиналето во Западната конференција. Пол имаше 1 поен на полувремето, вкупно 10 на крајот и најлош поен-диференцијал (-39) во неговата кариера.