Фудбал

РЕАЛ ГО МЕНУВА ИМЕТО НА КУЛТНИОТ СТАДИОН

Управата на Реал Мадрид донесе одлука да го промени името на стадионот.

„Сантијаго Бернабеу“ заминуа во историјата по 70 години користење, отсега мадридскиот фудбалски храм ќе се вика само „Бернабеу“, што значи дека се крати името од легендата на Кралевите.

Ова е вторпат да се менува името на стадионот кој во 1947 година се отвори под името „Стадион на Реал Мадрид“, за во  1955 година да се смени името во „Сантијаго Бернабеу“, но од маркетиншки причини е одлучено да се направи оваа промена само во „Бернабеу“.

Оваа промена доаѓа по нешто повеќе од една година откако Кралевите го реновираа стадионот во ултра-модерен и технолошни напреден стадион, со капацитет од 78.297 седишта.