Фудбал

РЕАЛ МАДРИД БАРА ДА ИГРА НА ВАНДА МЕТРОПОЛИТАНО?

Сантијаго Бернабе се уште е во изградба, а Реал Мадрид со враќањето на фановите на терените ќе има голем проблем на приходната страна бидејќи нивниот тренинг центар каде што минатата сезона ги играа своите натпревари не собира повеќе од 6000 гледачи.

Реал Мадрид се очекува на крајот на Октомври да заврши со реконструкцијата на нивниот стадинон, а тоа значи дека првите натпревари од новата сезона на Ла Лига нема да може да прими огромен број на гледачи. Големиот број на гледачи значи и големи приходи од билети, но Флорентино Перез има план како да го надокнади отсуството од свој стадион.

Според Марка, челниците на кралскиот клуб се обратиле на своите соседи од Атлетико Мадрид, барајќи да го изнајмат нивниот стадион, познатиот Ванда Метрополитано. Од таму, се уште немаат добиено одговор, но на социјалните медиуми веќе се негодува од ваквата идеја на раководството на Реал Мадрид.