Фудбал

РАШФОРД НЕ Е ЗАДОВОЛЕН СО РЕМИТО ПРОТИВ БАРСА?

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед одиграа одличен натпревар во првото елиминациско коло во рамките на мечевите од Лига Европа, на гостувањето на Камп Ноу, од каде се вратија со поволни 2:2 во 1/16 финалето во второто по ранкинг европско клупско натпреварување.

Црвените ѓаволи, прво губеа со 1:0, но потоа со два брзи гола за 7 минути имаа предност од 1:2. Каталонската гордост сепак на крајот изедначи и ја врати максималната резултатска неизвесност во овој двомеч, пред реваншот кој ќе се одигра на стадионот Олд Трафорд.

Има ли право Маркус Рашфорд да биде незадоволен од ремито? Беше ли Манчестер надмоќен на овој натпревар? Може ли Јунајтед да се пласира во следната фаза? Ја среди ли екипата Тен Хаг? Може ли да се повтори „судијата Овербо“ во реваншот?