Кошарка

МАЈКЛ ЏОРДАН ДЕНЕСКА НАПОЛНИ 60 ГОДИНИ, БИ БИЛ ЛИ НАЈДОБАР АКО ИГРАШЕ ВО ОВАА ЕРА?

Излишно е да се зборува за неговите достигнувања, излишно е да се зборува за неговите рекорди, излишно е да се зборува за неговиот импакт во кошарката и во спортот воопшто.

Тој е единствениот спортист во современата спортска историја, кој ги оставаше луѓето од целиот свет будни, жедни и гладни да го гледаат, него и неговата дружина, како прави растур-систем во НБА лигата.

Никогаш пред него и никогапш по него, не се појави слична фигура, која беше глобално призната од искрените љубители на спортот, од широката публика и од спортистите и спортските работници.

Неговото влијание се чувствува и денес, а којзнае што ќе беше ако се појавеше во оваа модерна ера? Можеби никогаш кошаркаат и спортот немаше да бидат тоа што се, па ќе ги препородуваше денес? Прашања на кои нема одговор.

Едно засекогаш ќе не копка – дали МЏ е најдобриот кошаркар на сите времиња? Дали МЏ е највлијателниот спортист на сите времиња? Дали екипата на МЏ е единствената бесмртна во историјата на спортот?