Фудбал

РАФИЊА ГО ПРОЗВА РЕАЛ МАДРИД

Ел Класико е една од најголемите дерби-пресметки во историјата на фудбалот, која доживеа особена експанзија во ерата на Роналдо и Меси кои беа на спротивните страни.

Во текот на подготвителниот период новите играчи на Барселона земаат голем замав во играта. Депај постигна прекрасен гол, а Рафиња игра во одлична форма.

Но, едно нешто боде очи, а тоа е ставот на новодојдените фудбалери на Камп Ноу:

Секогаш се трудиме да постигнуваме голови против секого. Ако е дерби, тогаш инспирацијата е уште поголема. Најважна е победата, а за мене, ние сме подобар тим од Реал Мадрид. – изјави Рафиња.

Уште недојден, почна да се заканува. Знае ли што му се случи на Мохамед Салах?