Фудбал

РАБИО: ИГРАВМЕ 12 ПРОТИВ 11

Емоциите и импресиите по вчерашното дерби на Италија не спласнуваат, а покрај изјавите во медиумите, играчите ги користат и своите социјални медиуми за да го искажат незадоволството од вчерашниот резултат.

Според Адријан Рабио, играчот на Јувентус од средниот ред, Јувентус извадил максимум играјќи против 11 играчи на Интер и судијата.

Тој оваа изјава ја сподели на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrien Rabiot (@adrienrabiot_25)

 

Браво до сите во екипата, штета за резултатот, но тешко е да се игра 12 против 11.