Фудбал

360 СТЕПЕНИ ПИРУЕТА НА МЕСИ

Дека Меси и понатаму ја има магијата во своите нозе ни покажува вчерашниот негов потег против Лориен, со кој ги запали социјалните медиуми повторно.

Аргентинецот го постигна само третиот гол оваа сезона на вчерашниот натпревар во Лига 1, а неговите соиграчи Мбапе и Нејмар постигнаа по два гола за финални 5:1 и е прв пат за ова виртуозно трио да постигнат по барем еден гол сите тројца на еден натпревар.

Но најдобриот потег од Меси не беше голот, туку оваа неверојатна магија која ја изведе на средината на теренот.

Иако беше жесток дуел и го изгуби балансот, магијата во неговите нозе му помогна да изгледа спектакуларно и да не потсети на неговите најдобри денови.