Фудбал
ПУЛЕНИТЕ НА ЕНРИКЕ ТРЕНИРАЛЕ ПЕНАЛИ
Објавено на: 06.12.2022
Црвената фурија поцрвене со Мароко, кармата ја стигна за обидот да ги избегне Бразил, Аргентина и Хрватска, односно калкулациите да биде дел од т.н. европска дивизија во елиминациската фаза.
Епа, една од неевропските селекции ја преслуша Шпанија, а таа селекција се вика Мароко. Шпанците промашија три пенали, а пред СП тренирале по 1.000 комада по налог на Енрике.
Колку погодија со Мароко?