ИСТРАГАТА ПРОТИВ ЧЕЛСИ Е СЕРИОЗНА И МОЖЕ ДА ИМА ИМПЛИКАЦИИ?
Објавено на: 09.08.2023
Премиерлигата отвори аргументиран случај против лондонската екипа, кој се однесува на времето кога рускиот тајкун Роман Абрамович владееше во англиската престолнина.
Лондонските сини се под лупата поради можни финансиски малверзации, во ерата на човекот кој ја поведе револуцијата во англискиот фудбал, која пред се, се однесуваше на големи трансфери и скапи играчи.

Дали, ако се утврди дека Челси направил прекршоци во тоа време, ќе има некакви санкции и одземање на титули и слично? Водивме дека случајот на Мaнчестер Сити се уште е под тепих…