Фудбал

МУ ПОКАЖА ЦРВЕН КАРТОН И ИКОНА ЗА БЛАГОСЛОВ (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Бока јуниорс и Бенфика од првото коло на Светското клупско првенство беше еден од подраматичните, како според резулатот 2-2, така и според случувањата на теренот.

Двете екипи мечот го завршија со по еден играч помалку откако Белоти заработи црвен картон за Бенфика, Ерера беше санкциониран надвор од теренот, додека Фигал заработи директно исклучување во финишот од средбата.

Токму кога Фигал направи остар прекршок што го натера судијата Рамос да извади црвен картон, арбитарот од џебот извади и икона и ја крена во вис заедно со картонот. На иконата е Св. Девицата од Гвадалупе, симбол на мексиканската каточичка црква.

Истовремено го исклучи и го благослови…