ПОСТОЈАТ ГОЛЕМИ ИГРАЧИ И ПОСТОИ МАЛДИНИ
Објавено на: 26.06.2023
На денот кога полни 55 години, еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа прекрасна игра, добива честитки од сите страни. Особено се емотивни признанијата од сите оние кои играле против него. Никој не штеди епитети, а ќе потсетиме на зборовите на Тиери Анри, кога во една прилика доби шанса како водител да поразговара со Паоло Малдини во живо преку видео-врска:
Она што сакам да ти го кажам е многу важно и никогаш немав можност да го кажам. Игравме еден против друг во 1998 година, не зборувам за играта, бидејќи тоа не е важно бидејќи имам преголема почит кон тебе поради тоа. Кога сфатив дека влегувам и играм десно, одеднаш се исплашив поради тоа што го претставуваше.
Одбранбениот играч што беше ти, за мене е олицетворение на тоа што е одбрана во фудбалот. Човечкото суштество е многу поважно од тоа да се биде играч и ако тоа е можно, ти беше токму тоа. Привилегија е да те имаме со нас вечерва. Мислам дека го донесе тој победнички менталитет во Милан, па среќен сум што те гледам таму.
На крајот на сезоната, Милан го отпушти Паоло Малдини од позицијата директор со што „му се заблагодари“ за верноста (целиот живот го помина само во Милан) и му го честита роденденот кој претставува една убава бројка во животот на еден човек.
