Кошарка
ПОСЛЕДНИОТ ПОЗДРАВ ОД ФЕМИЛИ ЗА МАРЧЕ
Објавено на: 07.06.2021
Навивачката група на МЗТ Скопје Аеродром го испрати својот пријател и голем навивач на овој клуб, ракометниот репрезентативец на Македонија, Марко Божиновски (20) кој почина во сон.
Со транспаренти, минута молчење и песна за последен поздрав, беше испратен големиот навивач на МЗТ Скопје Аеродром, на денот кога неговата омилена екипа ја освои 8-та титула во својата историја, славејќи со 3:0 против Кавадарчани.
фото: KK MZT Skopje Aerodrom (Facebook)