ФАНАТИЦИТЕ ГО ЗАПАЛИЈА ЗАДАР!!!
Објавено на: 06.06.2021
Навивачката група „Торнадо“ или цел град, не е ни битно. Задар гореше, се славеше кошаркарската титула во Хрватска по пауза од 13 години. Во мајсторката беше совладан Сплит со 85:75, а публиката на сила прво влезе во салата, а потоа славеше по улиците и плоштадите.
Корона-мерките во Хрватска забрануваат собирање внатре и на поголеми групи граѓани, но полицијата решила во случајов да отстапи и да им дозволи да прослават, а најверојатно овој инцидент ќе помине само со прешршочна пријава за директорот на КК Задар, Жељко Жилавец.
фото и видео: Index.hr
