ПОРТУГАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НАЈАВИ, АМА РОНАЛДО ОДБИВА ДА ИГРА ПРОШТАЛЕН МЕЧ
Објавено на: 06.11.2026
Кристијано Роналдо (засега) одбива да одигра проштален меч за португалската репрезентација. По неговата одлука за повлекување од националниот тим, од португалската фудбалска федерација најавија дека простувањето мора да биде како што му доликува на најголемиот во историјата на португалскиот фудбал, и дека Роналдо треба за последен пат да добие овации од публиката во Португалија.
Но, Роналдо не сака такво нешто, барем не додека селектор е Жорже Жезус. Најдобриот стрелец во историјата на меѓународниот фудбал се чувствува предаден од селекторот кој двапати му прекршил ветување.
Последниот настап на Роналдо му беше победата од 1-0 против Велс на 24-ти септември во Лигата на нации, на стадионот „Жозе Алваладе“ во Лисабон.