Фудбал

ПОГБА И НОВАТА УТКА ВО НЕГОВАТА ТУРБУЛЕНТНА КАРИЕРА

Репрезентативецот на триколорите Паул Погба сакал 20 милиони евра годишна плата за да остане во редовите на Манчестер Јунајтед, од каде потекнува како фудбалер. Англискиот клуб му понудил „само“ 14 милиони евра.

Францускиот интернационалец бил заслепен од идејата дека останатите европски гиганти, како што се Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ, кои трошат енормно многу пари на играчи, се заинтересирани да го видат во своите редови.

Во текот на трансфер периодот не пристигнала ниту една понуда за Паул Погба, од споменатите екипи. На крајот, Французинот кој го освои СП во 2018-та година се скраси во редовите на Јувентус, за „скромни“ 8 милиони евра.

Освен со селекцијата на Франција, Погба нема некој забележителен успех на клупско ниво, затоа што не успеа да „погоди“ екипа со победнички менталитет. На крајот, излегува точна поговорката која гласи: кој високо лета – ниско паѓа?