Фудбал

БЕЈЛ ТАКА ФИНО ГИ ИСТРОЛА МАДРИЃАНИТЕ

Велшкиот интернационалец си замина од Мадрид како протеран играч, иако беше една од клучните алки во поновата историја на Реал, при освојувањето на битните големи трофеи.

Освен кај кралевите, Бејл беше на удар и кај шпанските новинари кои постојано му замеруваа што не им се обраќал на шпанскиот јазик и покрај долгогодишното присуство во оваа земја.

А, тој, во свој стил, како на времето кога изјави дека голфот му е на второто место во животот, по селекцијата на Велс, а дури потоа на листата се наоѓа фудбалскиот клуб Реал Мадрид, рече:

При доаѓањето во Лос Анџелес ФЦ, со оглед на обемната шпанска популација која се наоѓа во Калиформија и која е дел од навивачката армада на овој американски фудбалски клуб, Герет Бејл веднаш се обрати на совршен шпански јазик.

Па вие сега проценете…