Фудбал

БИЗАРНИОТ ЦРВЕН КАРТОН НА ЛАЦИО (ВИДЕО)

Лацио остана со играч помалку во дербито на колото во Италија, откако Лука Пелегрини заработи втор жолт картон на натпреварот на малку бизарен начин.

Бенасер во скок го „закачи“ Тати од Лацио, кој легна на тревникот, а играта не беше стопирана. Пелегрини посочуваше до судијата, но откако виде дека тој не ја прекинува играта, го повлече Пулишиќ кој беше по малку и надвор од игра на што судијата веднаш му покажа жолт картон.

Протестите не вродија со плод и Лацио од 57 минути игра со играч помалку, иако рака на срце претходно имаше прекршок во корист на домаќините.