Фудбал

ПОБРАТИМИТЕ ЈАНЕ И БОБИ ВО ПРЕГРАТКА И ВО БУКУРЕШТ (ФОТО)

Малиот херој Јане Велковски е вистинска амајлија за фудбалската репрезентација на Македонија и дојде и во Букурешт да ги бодри фудбалерите. Тој се дружи со сите македонски репрезентативци, но со Боби Николов се како браќа. Изградија емотивна врска која функционира беспрекорно и во Букурешт.

Јане дојде да го поздрави Боби и да му посака многу среќа пред утрешниот натпревар со Украина. Прегратката на побратимите е посилна од се.