Фудбал

КАМБЕК НА ПИКЕ

На Жерар Пике му недостасува фудбалот, па реши да му се врати, а тоа го соопшти официјално на неговиот твитер-профил. Иконата на Барселона се пензионира во ноември 2022 година, па нешто повеќе од една година реши да се врати како тренер.

За што поточно станува збор, ќе открие во наредните денови.

„Пред нас е нова година и по внимателно размислување решив да се вратам во фудбалот. Овојпат нема да играм, туку ќе се вратам како тренер. Ќе ви откријам повеќе детали до крајот на оваа недела“, напиша Пике.

Дали можеби ќе се приклучи на стручниот штаб на Чави во каталонскиот гигант, или ќе го пренесе своето знаење во „Ла Масија“, останува да се види. Можеби се работи за сосема неповрзан ангажман со Барселона.