ПАЛМЕР, ЧОВЕКУ… КАКО МОЖЕШЕ?
Објавено на: 10.01.2024
Мидлсбро ја наплати бледата партија на Челси и славеше во првото полуфинале во Карабао купот со минимални 1-0, а колку Сините на Покетино беа под нивото на задачата, најдобро покажува нереалното промашување на Коле Палмер.
Младиот англиски офанзивец иако е во најдобра форма во однос на останатите соиграчи, зицерот што не го реализира ќе го остави без сон во наредниве денови.
Одбиената топка по шутот на Ензо заврши пред Палмер кој навидум ја имаше најлесната задача да израмни на 1-1, но ја испрати топката високо над голот, а тоа го чинеше Челси пораз кој ќе мора да го надополнува во реваншот.