Фудбал

ГРАНДЕ ПАНДЕВ СЕ ПОЈАВИ ВО МАНЧЕСТЕР ДА МУ ПОСАКА СРЕЌА НА СВОЈОТ ИНТЕР (ВИДЕО)

Македонската фудбалска легенда и миленик на интерашите, Горан Пандев, вчеравечер се појави на „Етихад“ кога играчите на Интер го одржаа последниот тренинг пред големото дерби против Манчестер сити.

Гранде Пандев им посака среќа на фудбалерите на Инзаги со оглед на тоа дека италијанскиот првак ќе ги вкрсти силите против Граѓаните од Манчестер првпат по загубеното финале во ЛШ пред две сезони.

Вечерва ќе дознаеме колку Гоче им носи среќа на Нероаѕурите, дуелот е предвиден за 21 часот.