Фудбал

АТЛЕТИКО СЕ ОТКАЖА ОД РАБИО ПОРАДИ НЕГОВАТА МАЈКА

Адриен Рабио е пред ангажман во Олимпик Марсеј како слободен агент, по будното трагање во текот на летото по нов клуб.

Францускиот репрезентативец се поврзуваше со многу клубови во текот на летниот трансфер-прозорец, но високите барања за основна плата не секој сакаше да ги искешира. Блиску беше и до потпис со Атлетико Мадрид, но целата работа пропадна во вода поради неговата мајка Вероника, која воедно е и негов агент.

Имено, спортскиот директор на Атлетико ги прекинал преговорите откако Вероника почнала да им објаснува на која позиција треба да игра Рабио и каква улога треба да добие од Симеоне. Таквата дрскост создала одбивност меѓу претставниците на Атлетико, па вниманието го свртеа кон други играчи.

Како и да е, мајка му му заврши работа на ексиграчот на ПСЖ и Јувентус, ќе игра во родната земја за првиот ривал на Светците за титулата во Лига 1.