Фудбал

ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ЕВЕРТОН? ЏЕЈ-ЗИ ИМА 99 ПРОБЛЕМИ, МОЖНО Е ДА ЗАОКРУЖИ НА 100

Евертон наскоро може да добие нови сопственици, откако американскиот бизнисмен Џон Текстор покажа интерес да ги откупи акциите на клубот од моменталниот газда Фарад Мошири.

Оваа вест немаше да биде толку интересна, доколку Текстор не одбра светски познат музички артист да му биде партнер во инвестицијата. Станува збор за американскиот рапер и милијардер Џеј-Зи, кој доминира на музичката сцена веќе три децении.

Текстор е инвеститор и акционер во повеќе клубови низ светот вклучувајќи го и Лион, но посакува да се наметне и во Премиер лигата како најатрактивно фудбалско првенство на Стариот континент, додека неговата визија е да создаде партнерство со агенцијата на Џеј-Зи „Рок Нејшн Спортс“, со цел клубот да добие на комерцијална и културна вредност.

Во еден од своите бројни хитови, Џеј-Зи пее дека има 99 проблеми, па треба добро да размисли дали сака да си додаде уште еден проблем во животот.