ОВОЈ ЈУНАЈТЕД МОЖЕ ДО ТИТУЛАТА?
Објавено на: 08.12.2023
Претставниците на најтрофејниот англиски клуб, ги освоија главните награди за минатиот месец и сега се во преден план во медиумите, со оглед на формата во која се наоѓа тимот.
Тен Хаг е тренер на месецот за ноември, Хари Мегваер е играч на месецот, а голот на Гарначо со ножички е погодок на месецот во Премиерлигата. Првпат во последните 10-тина сезони, владее ваква фама околу Манчестер Јунајтед.

Јунајтед има освоено 13 титули во Премиерлигата, Сити има 7 од кои 5 се во последните 6 сезони. Јунајтед има вкпно 20 титули во Англија, Ливерпул има вкупно 19 титули од кои една е во новиот формат на Премиерлигата.
Прашањата кои се поставуваат во моментов, се:
Дали ова е вистински напредок на Јунајтед предводен од холандскиот стручњак, или е само моментален блесок?
Дали конечно дефанзивецот на црвените ѓаволи ја надмина психолошката автогол-криза?
Дали аргентинскиот напаѓач е вистински голгетер или само доживеа еден момент на инспирација?
Арсенал води со 36 бода, Манчестер Јунајтед има 27 на 6-та позиција. Меѓу нив се Ливерпул (34), Астон Вила (32), Сити (30) и Тотенхем (27). Одговорите ги знаеме, или ќе ги почекаме?