Кошарка

НА МЕЧ ПРЕД НОВА КРУНА – ЛЕБРОН Е НЕВЕРОЈАТЕН

Во рамките на полуфиналниот филтер во првиот сезонски турнир во историјата на НБА лигата, се истакна највозрасниот активен кошаркар кој ја игра 21-та сезона.

Предводникот на една од двете најтрофејни франшизи, кој неодамна го урна рекордот за најмногу индивидуални поени во кариерата на еден НБА кошаркар, имаше ноќ за паметење:

Во последниот меч, пред битката за титулата, ова е учиникот на Леброн Џејмс за 22 минути поминати во игра во победата на Лејкерс со 133:89 против Пеликанс:

30 поени
5 скока
8 асистенции
9/12 FG (75% FG)
4/4 3PT (100%)
8/8 FT (100%)

Во финалето, тимот од ЛА ќе игра против Индијана која во полуфиналето го совлада Милвоки. Леброн Џејмс ќе наполни 39 години на 30-ти декември.