ОТВОРЕН МУ Е ПАТОТ НА ЃОКОВИЌ?
Објавено на: 07.07.2022
Со оглед на тоа што Рафаел Надал се повлече од полуфиналето на Вимблдон поради повреда, Ник Кирјос се пласира во финалето без борба и одморен ќе го дочека победникот од другото полуфинале, дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори.

Ниту едно од овие две имиња нема капацитет да му се спротивстави на Ноле, кој има 20 Грен слем титули во кариерата и уште в недела, не централниот терен во Лондон може да му се доближи на само еден минус на Надал, кој освои 22 трофеја досега.

Имаат ли сила Нори и Кирјос да играат против Ѓоковиќ? Има ли сила, ако не успее Британецот, Австралиецот да го совлада де-јуре тенискиот рекет број три, според бодовите на АТП листата, а де-факто тенискиот рекет број еден во моментов, според знаењето и умеењето?