ОСВОЈУВАЧОТ НА US OPEN ЈА ПРОМЕНИ КАРИЕРАТА: ПОТПИША ЗА ФУДБАЛСКИ КЛУБ
Објавено на: 25.07.2026
Поранешниот трет тенисер во светот и освојувач на US Open, Доминик Тим, започна сосема ново поглавје во својата спортска кариера.
32-годишниот Австриец официјално е регистриран како фудбалер на Баденер АК, клуб кој се натпреварува во осмата лига на Австрија.
Тим му се приклучил на новиот клуб на 15 јули, а до трансферот дошло преку пријател кој веќе настапува за тимот од Баден, град кој се наоѓа јужно од Виена.
Ова не е негово прво фудбалско искуство. По завршувањето на професионалната тениска кариера во октомври 2024 година, Тим играше за клубот од неговото родно место Лихтенворт. Минатата сезона настапи на десет официјални натпревари и постигна еден гол.
И покрај неговото големо спортско име, во новиот клуб јасно порачаа дека нема да има привилегии, изјави Сергеј Петровиќ, раководител на фудбалската секција на Баденер АК.
Слушнавме дека е добар фудбалер. Има пријатели кај нас и верувам дека навистина ќе игра за нашиот клуб. Но, кај нас сите мора да се изборат за место во стартниот состав.
Доминик Тим останува запаметен како еден од најдобрите тенисери на својата генерација. Во 2020 година го освои US Open, во кариерата освои 17 АТП титули, играше финалиња на Ролан Гарос и Австралија опен, а најдобар пласман му беше третото место на АТП-листата. Сега, наместо со рекет, ќе се обиде да остави трага и на фудбалските терени.