ФУДБАЛЕРИТЕ НА ЈУНАЈТЕД ВО ШОК: ШЕШКО СЕ ВРАТИ НЕПРЕПОЗНАТЛИВ!
Објавено на: 24.07.2026
Бенјамин Шешко предизвика вистинска лавина од реакции откако се појави на подготовките на Манчестер Јунајтед во значително помоќна физичка форма.
Словенечкиот напаѓач на Инстаграм објави фотографии од тренингот, на кои јасно се гледа дека во текот на летната пауза работел напорно во теретана и значително ја зголемил мускулната маса.
Неговата трансформација не остана незабележана ниту кај соиграчите. Диого Далот се пошегува дека инспирација за Шешко бил Арнолд Шварценегер, додека капитенот Бруно Фернандеш кратко прокоментира: „Братееее“.
И навивачите беа воодушевени.
„Тоа не е Капетан Америка, туку мојот напаѓач“, „Изгледа како вистински ѕвер“, „Одбранбените играчи ќе имаат сериозни проблеми со него оваа сезона“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Шешко минатата сезона постигна 12 голови на 32 натпревари, но финишот на сезоната го пропушти поради повреда на потколеницата заработена во натпреварот против Ливерпул.
Во моментов сè уште работи на целосно враќање во форма, па не отпатува со тимот за првиот подготвителен натпревар против Розенборг.
Сепак, во Манчестер Јунајтед очекуваат 23-годишниот напаѓач да има уште поголема улога во новата сезона, во која клубот ќе настапува во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Лига купот.