Фудбал
ОСТАНУВАЊЕТО НА ЛЕВАНДОВСКИ СЕ УШТЕ НЕ Е СИГУРНО
Објавено на: 27.02.2022
Иднината на Роберт Левандовски во Баерн Минхен е апсолутно отворена. Тој е фокусиран на втората половина од сезоната со германскиот клуб, но неговиот актуелен договор истекува во 2023-та година и тој побарал нов, за да остане.
Се уште нема преговори меѓу баварската машинерија и абентот на полското фудбалско чудо, а Левандовски е мирен и чека, се вели во информациите кои доаѓаат од упатените во ситуацијата. Ќе остане ли полскиот напаѓач во Германија?