Останато

ОЛИМПИСКА РОМАНТИКА: ФРАНЦУСКА АТЛЕТИЧАРКА ПОСТАВИ ЕВРОПСКИ РЕКОРД И ГО ЗАПРОСИ ЉУБЕНИОТ ПРЕД ПОЛН СТАДИОН (ВИДЕО)

Француската атлетичарка Алис Фино вечно ќе го памети својот настап на Олимпијадата во Париз поради две работи.

Првично, на финалната трка на 3.000 метри во брзо одење, Фино постави европски рекорд со своето време од 8:58.67, кое сепак не беше доволно за подиум.

Сепак, дека Алис е победничка на денот, покажува нејзиниот следен потег. Кога трката заврши, таа се упати кон трибините каде седеше нејзиното момче, по што Фино пред него извади веренички прстен, клекна на едно колено и го запроси, а тој го кажа судбоносното „да“.