Фудбал

СЕИР НА СМЕТКА НА ДЕ БРУЈНЕ: ОБЈАСНИ ГО СТИЛОТ, ТЕ МОЛАМ… (ВИДЕО)

Англискиот шампион Манчестер сити веќе е во комплетен состав во текот на подготовките за новата сезона, а прв предизвик ќе им биде градскиот ривал Јунајтед во Комјунити шилд дуелот кој е закажан за 10 август.

Меѓу играчите кои се вратија продолжениот одмор поради репрезентативните обврски, е и првата ѕвезда на тимот, Кевин Де Брујне, кој во меѓувреме се одлучил за нов изглед кога станува збор за стилот на косата.

Неговиот обид да фати репче, слично во стилот на Халанд, се најде на удар на шеги од страна на Пеп Гвардиола, кој неколкупати му повтори дека треба да се објасни и да се оправда за одлуката да си го смени стилот.

Пеп можеби е љубоморен што не може да го стори истото, па затоа и се пошегува со белгискиот плејмејкер.