ОДНЕНАДЕЖ ПРЕСВРТ ВО КАРАКТЕРОТ НА ДЕ ЈОНГ?
Објавено на: 02.03.2023
Манчестер Јунајтед игра одлично во финишот на сезоната, на стратегот Ерик Тен Хаг му требаа само 6 месеци да ја среди екипата, која повторно личи на оние тимови од славните денови на црвените ѓаволи.
Френки Де Јонг беше споменуван како можно засилување во летниот преоден рок, па во зимскиот, но холандскиот фудбалер од средниот ред остана во редовите на Барселона и не се реши да ризикува во Јунајтед.

Предизвикан од улогата која ја има Касемиро и од потенцијалното партнерство во средниот ред со бразилскиот терминатор, Де Јонг наводно сериозно размислува за трансфер во редовите на клубот од Манчестер.
Услов е троојниот европски шампион да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, но дали сега клубот ќе го сака играчот?