НОВОТО ПРАВИЛО ЗА ОФСАЈД ГО ПОДЕЛИ СВЕТОТ: ЌЕ ПРИЗНАЕТЕ ЛИ ВАКОВ ГОЛ?
Објавено на: 03.08.2026
Една снимка од натпревар во Канадската Премиер лига предизвика голема дебата меѓу фудбалските навивачи ширум светот.
Во една акција, напаѓачот беше речиси со целото тело зад последниот дефанзивец, но петата на едната нога остана во линија со противникот, па според правилото што се тестира во Канада немаше офсајд.
Според актуелните правила што важат во Лигата на шампионите, Премиер лигата и речиси сите професионални натпреварувања, ова би било јасен офсајд. Но, во Канада оваа сезона се тестира таканареченото „daylight“ правило, кое има сосема поинакво толкување.
Според него, напаѓачот е во офсајд само ако целото негово тело, со кое смее да постигне гол, е пред претпоследниот противнички играч. Доколку петата, стапалото или кој било друг дозволен дел од телото остане во линија со дефанзивецот, играта продолжува.

Зад идејата стои легендарниот Арсен Венгер, денес директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА. Неговата цел е да им даде поголема предност на напаѓачите, да се намалат милиметарските VAR офсајди и да има повеќе шанси и голови.
Новото правило би можело целосно да ја промени тактиката. Одбраните би морале да се повлечат подлабоко, а напаѓачите би можеле многу порано да тргнуваат зад последната линија.
Засега станува збор само за експеримент во Канадската Премиер лига, кој се спроведува во соработка со ФИФА и IFAB. По завршувањето на сезоната ќе се анализира дали новото толкување носи поатрактивен фудбал, пред да се донесе одлука дали ќе се воведе и во останатиот дел од светот.