Фудбал

НОВАТА ЕВРОПСКА МАШИНА НЕ Е ПСЖ, ТУКУ СИТИ?

Извиканата екипа од Париз не успеа да победи против Бриж и одигра само 1:1, иако се очекуваше напаѓачкото трио Лионел Меси – Нејмар – Килијан Мбапе да покаже дека може да игра во иста постава и да блесне на овој меч. Најголемата грижа за Маурисио Покетино ќе бидат стерилноста во нападот и проблемите во одбраната на неговата екипа кои ќе и се појават против посилни противници, затоа што овие тројца воопшто не ни погледнуваат наназад.

Од другата страна на ракавот ла Манш, се појавува една нова фудбалска суперсила, која без проблеми постигнува 6 гола на еден натпревар. Таа сила не е непозната затоа што се гради со години и минатата сезона играше во финалето на ЛШ, но доаѓа во друго руво, подобрено, а се вика Манчестер Сити. Проблем за Пеп Гвардиола ќе бидат трите примени гола, но примени се од Лајпциг, екипа што константно продуцира играчи и игра одличен фудбал.

Кој е вашиот фаворит во ЛШ?