НОВАК НЕМА ДИЛЕМА: ОВАА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЌЕ ГО ОСВОИ СП
Објавено на: 11.06.2026
Светското првенство официјално започна, а фудбалската еуфорија не ги зафаќа само навивачите и фудбалерите. Големото натпреварување внимателно го следат и спортисти од други спортови, кои веќе ги даваат своите прогнози за тоа кој ќе стигне до светската титула.
Колегите од Спорт Клуб Србија разговараа со неколку тенисери во пресрет на Мундијалот и ги прашаа кого го гледаат како нов светски шампион. Меѓу оние што одговорија беше и најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ откри дека очекува финале меѓу Португалија и Мексико, а според неговата прогноза, на крајот ќе се радува португалската репрезентација.

Тоа би значело и исполнување на големиот сон на Кристијано Роналдо, кој според прогнозата на Ѓоковиќ конечно би го освоил единствениот голем трофеј што недостасува во неговата богата кариера, титулата светски шампион.
Дали прогнозата на српскиот тениски ас ќе се оствари останува да видиме во наредните недели, но едно е сигурно: Ѓоковиќ верува дека Светското првенство ќе заврши со историски момент за Роналдо и Португалија.