Тенис

ТЕШКА ЖДРЕПКА ЗА НОВАК НА ИНДИЈАН ВЕЛС, МОЖНО Е ДА ГЛЕДАМЕ СПЕКТАКЛ ПРОТИВ АЛКАРАС ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО

Ждрепката за Индијан велс не беше во прилог за Новак Ѓоковиќ, кој како шести носител на турнирот доби исклучително тежок пат до финалето и евентуално шеста титула на Мастерсот во Калифорнија.

Почнувајќи од второто коло, Ѓоковиќ најверојатно ќе се сретне со Ник Кирјос, кој до пласман во 1/16 финалето треба да совлада квалификант, а со евентуална победа српскиот тенисер ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Серундоло и Давидович-Фокина.

При евентуален пласман во четвртфиналето и доколку коцките се поклопат, ќе гледаме нов спектакл меѓу Ѓоковиќ и Карлос Алкарас. Можно полуфинале го чека против Фриц, Рубљов или Шелтон, а што се однесува до другата страна од костурот, фаворитите се Медведев, Зверев, Циципас и Руд.

Ѓоковиќ досега дури петпати триумфираше на Мастерсот во Калифорнија, а на шеста титула чека од 2016 година. Лани испадна во третото коло од Нарди, па очекувањата се многу повисок пласман.