НИКОЈ НЕ ПОКАЖА ПОЧИТ: И АНГЛИЧАНИТЕ И АРГЕНТИНЦИТЕ ГИ ИСВИРКАА ХИМНИТЕ
Објавено на: 15.07.2026
Големото ривалство меѓу Англија и Аргентина уште еднаш излезе на виделина, и тоа пред да започне полуфиналето на Светското првенство.
За време на интонирањето на националните химни, навивачите на двете репрезентации со свирежи и негодување ја прекинуваа химната на противникот, создавајќи непријатна атмосфера на трибините.
Прво беше интонирана химната на Англија, а аргентинските навивачи со силни свирежи речиси целосно го надгласаа протоколот. Истото се повтори и неколку моменти подоцна, кога англиските навивачи возвратија за време на аргентинската химна.
Иако ривалството меѓу овие две репрезентации е едно од најголемите во светскиот фудбал, сцените пред почетокот на натпреварот уште еднаш покажаа дека тензиите често се прелеваат и надвор од теренот.
Listen to the receptions for the anthems… incredible levels of noise #England #Argentina pic.twitter.com/Cwihnvz51n
— Joe Chatz (@JoeChatz) July 15, 2026
Победникот од полуфиналниот дуел ќе игра против Шпанија во големото финале на Светското првенство.