Фудбал

ИНТЕР ОСТАНА ЕДИНСТВЕН: БАЕРН ЈА ЗАГУБИ ЛЕГЕНДАРНАТА СЕРИЈА НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА

Со пласманот на Аргентина во финалето на Светското првенство 2026, Интер продолжи една неверојатна традиција на светските првенства.

Благодарение на Лаутаро Мартинез, италијанскиот гигант ја продолжи најдолгата серија во историјата на Мундијалите од Светското првенство во 1982 година наваму, Интер има најмалку по еден свој фудбалер во секое финале.

Во исто време, беше прекината серијата на Баерн Минхен. Со елиминацијата на Англија во полуфиналето, Хари Кејн остана без можност да настапи во финалето и да ја продолжи традицијата германскиот клуб да има свој претставник во мечот за титулата.

Така, Интер остана единствениот клуб во историјата кој без прекин има свој фудбалер во секое финале на Светското првенство од 1982 година до денес – рекорд што ниту еден друг клуб не успеал да го достигне.

Еве ги играчите на нероаѕурите кои на изминатите 12 светски првенства стигнуваат до финале.

1982: Бергоми, Алтобели (гол), Оријали
1986: Румениге (гол)
1990: Бреме (гол), Матеус, Клинсман
1994: Берти
1998: Роналдо, Џоркаеф
2002: Роналдо (2 гола)
2006: Матераци (гол)
2010: Снајдер
2014: Паласио
2018: Брозовиќ, Перишиќ (гол)
2022: Лаутаро
2026: Лаутаро